439
Поради 1.300 амандмани поднесени од пратениците на Левица, беше одложена е собраниската седница на Комисијата за транспорт и врски на која требаше да се расправа и за предлог законот за изменување и дополнување на законот за аудио и аудиовизуелни медиуми.
-Левица нема да дозволи власта да ги корумпира медиумите и да ги троши државните пари за поткуп во своја корист!
Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднесоа вкупно 1.300 амандмани до собраниската архива за новиот Закон за аудиовизуелни медиумски услуги со кој треба да се помогне недемократското и авторитарно дејствување на властите, се вели соопштението на партијата.