Левица: Се поизвесно е дека Амар Мециновиќ ќе се трка во втор круг за градоначалник на Скопје

by irena 22:00
22:00

Сѐ поизвесно станува дека нашиот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ влегува во втор круг, соопшти портпаролот на Левица, Круме Богески. Тој ќе се натпреварува со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Портпаролот на партијата, Круме Богески рече дека Левица на има повеќе гласови од СДСМ во три скопски општини.

-Исклучително сме задоволни од резултатите коишто ги постигнуваме коишто континуирано се ажурираат. Имаме информации дека во урбаните средини како што е Кисела Вода, Аеродром и Карпош сме втора партија веднаш после ВМРО-ДПМНЕ и имаме водство пред СДСМ со тоа што имаме повеќе советници.

Во однос на Велес имаме повеќе од СДСМ на советничката листа. Имаме позитивни резултати, исто така, и во Гостивар, додека останатите урбани средини, како што е Кавадарци, ни се зголемуваат советничките места, од едно на две, истакна Богески.

Слични вести