Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател – Билјана Ванковска вечерва информираа дека денешниот изборен ден поминa мирно во фер и демократска атмосфера, но нагласуваат дека сепак се случиле некои помали проблеми на изборните места.
Како што информираше Моника Маневска, портпаролот на Ванковска, забележани се помали проблеми со фингерпринтот на повеќе гласачки места како Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром и други.
Таа истакна дека од терен добиваат информации дека во Куманово се правеле редици заради проблемите со фингерпринт, а во некои изборни места гласањето започнало со доцнење.
Исто така, беше кажано дека и на овие избори се појавуваат нерегуларности во избирачкиот список, па така во некои изборни места има запишано починати гласачи, а некои гласачи кои се со постојано место на живеење и без промена на адреса ги нема во изборниот список.