Левица поднесе кривична против Заев, предметот ќе го проширувале и против Димитров

by fokus

Левица поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за сторено дело од кривичниот законик кој се однесува на загрозување на независноста.

-Граѓанин кој ќе доведе државата во потчинетост од друга држава го сторува ова кривично дело. Се повикуваме на официјалните изјави на премиерот на Македонија и на премиерот на Грција. Со прифаќање на ерга оменс решение и изјавата дека ќе се стори се да се прифати тоа, нанесена е штета и е доведена државата под зависност од друга држава. Бараме распит на пријавениот и процесуирање на случајот, рече Димитар Апасиев од Левица.

Апасиев додаде дека предметот ќе се проширувал и против шефот на диполматијата, Никола Димитров за здружување и организирање, бидејќи и тој рекол дека се залага за решението.

 

Поврзани новости