Левица: Подготвени сме за избори кога и да бидат закажани, СДС и ДПМНЕ се грижат само за личните интереси

by fokus

Додека најголемите партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се препукуваат за тоа кога да се одржат изборите, од Левица за Фокус велат дека ниту едната ниту, другата партија се грижи за здравјето на народот, тие единствено се грижат за своите лични интереси, бизниси и моќ.

-Додека пак Левица се бори за народот, а тоа е евидентно и на терен периодов со бројните работници, кои нам ни’ се обраќаат за помош, а кои беа бркани и нивните права беа безкруполозно кршени токму од бизнис – сојузниците на власта, нашиот правен тим работи на овие случаи во рамките на можностите на партијата. Што се однесува до натегањето меѓу СДС и ДПМНЕ, повеќе од јасно е дека и Комисијата за заразни болести работи по диктат на власта, со цел протуркување на што побрзи избори, велат од Левица за Фокус.

Додаваат дека како и да е, тие како партија се спремни да излезат на избори кога и тие да бидат закажани, за конечно оваа, како што велат, нелегитимна власт да падне.

К.С.

Поврзани новости