Јанушев: Избори мора да има, но неприфатливо е сите да се изложиме на ризик

by Фокус

Избори мора да има и ќе има, но не по цена на животот и здравјето на граѓаните, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на 24 вести.

-Дали ќе се случат во јули, август или септември, тоа треба да кажат бројките во однос на заразени и починати лица. И со тоа нема калкулации – рече тој.

Јанушев додаде дека власта зборува за датум за избори во време кога, според него, треба да ги заштитат граѓаните.

-Денеска починаа тројца луѓе и 38 се заразени. Да влегуваме во кампања 2 или 5 дена после ова во која ќе треба да се изложиме сите ние и сите во државата да ги изложиме на ризик е неприфатливо – рече тој.

Поврзани новости