63
„Покрај сите опструкции, ние сме задоволни од моменталните резултати“ изјави вечерва портпаролот на Левица и носител во ИЕ2 – Амар Мециновиќ се исходот од денешните резултати.
Според него, Левица во ИЕ1 и ИЕ5 се втора партија во моментов. Според него, исто така имаат предност и во неколку општини на територија на Скопје, но и на некои изборни места во Велес.
– Ние не повикувавме на бојкот, туку на излезност и повикувавме на гласање. Рековме дека ќе го дуплираме резултатот од претседателските избори. Целата наша борба беше против СДСМ и ДУИ. Сега веќе Левицата се стабилизира во модерна левица. Очекуваме меѓу 8 и 12 пратеници, а накај 23 часот можеби ќе имаме и други проекции – кажа Мециновиќ.