Левица: Не се боревме едниот режим да се замени со друг

by Фокус

Да се стави крај на двојните аршини во судството, побараа членовите на Левица, по новото рочиште за членот на нивната партија Мариглен Демири, кој се сомничи за кршењето на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов за време на протестите на Шарената револуција.

-Нашите членови се уште се влечат по судови. Бевме гонети од претходната Влада, но не знаеме зошто истото го прави и оваа гарнинтура, со која заедно се боревме да падне режимот. Случувањата ни даваат да за право да кажеме дека едниот режим е заменет со друг режим. Ние не се боревме за ова, за нашите соборци да се свртат против нас – рече Џејлан Велиу од Левица.

На пресот, членови на партијата излегоа со транспаренти со слоганот „Нема правда, нема мир“, што се користеше за време на „Шарената револуција“.

 

Поврзани новости