Левица ќе бара укинување на привилегиите на пратениците

by Фокус

-Додека народот се дави во сиромаштија – народните претставници пливаат во лој. И тоа мора да престане. Тука сме да им порачаме на народните претставници дека кога Левица ќе влезе во Собранието, ќе поднесе закон со кој ќе се укинат привилегиите на пратениците и да се намалат нивните драстично високи плати од 80 000 денари, рече Здравко Савески, дел од иницијативниот одбор на Левица, кој денеска пред Собранието им упати честитка на пратениците.

Иницијативниот одбор на Левица им порача на пратениците дека во новата 2016 година ќе се потруди да ги оневозможи да уживаат во привилегии и високи плати додека народот тоне во сиромаштија.

-Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Миле Јанакиевски, со седење дома земаат 100 000 денари од државниот буџет, додека невработените лица земаат 50 проценти од паричниот надоместок, со оправдување дека ќе биле дестимулирани да бараат работ. Функционерите, на нивната висока плата земаат цела сума. Значи, вакви привилегии едноставно мора да бидат укинати, бидејќи граѓаните без разлика дали се функционери или не, тие се еднакви пред законот, рече Савески.

 

Поврзани новости