На денешната седница на Советот на Општина Карпош на која не присуствуваа советниците од редовите на СДСМ и ГРОМ беше изгласана предлог одлуката против висококатницата во Карпош.
Со оваа одлука се задолжува Градоначалникот и соодветниот општински сектор да го стопираат издавањето на градежни дозволи и забрана за отпочнување на градба на просторот кој го опфаќа ДУП за Градска четврт З 05 Блок 08, како и изготвување на стручен елаборат за суспензија на применувањето за блок 08 од ДУП за градска четврт 3 05 помеѓу бул.Илинден, бул. 8 Септемри, бул.Партизански одреди и ул.Љубљанска, донесен со одлука на Совет 07-7546/4 од 06.11.2013, Општина Карпош со цел спроведување ревизија за истиот.
-Ова е нов пораз на урбанистичката мафија во Општина Карпош. Истовремено жалам што зад интересите на Карпошани не застанаа советниците од редовите на СДСМ и ГРОМ со што практично ги прекршија своите предизборни ветувања дека ќе работат во интересите на жителите на Општината, изјави координаторот на советничката група на Левица, Мартин Димоски.