Финската премиерка снимена како се забавува – „облечи се“, „направи тест за дрога“

by fokus

Најмладата премиерка во светот, премиерката на Финска, триесет и шестгодишната Сана Марин пак се најде на удар на критики откако на интернет се појави видео на кое се гледа како се забавува и танцува со пријателите.

Лидерката на една опозициска партија ја повика Марин да направи тест за дрога. Триесет и шестгодишната Марин негира дека земала дрога, но призна дека пиела алкохол и бурно се забавувала. Таа рекла дека е вознемирана што видеото излегло во јавност, но не планира да го смени своето однесување.

Финскиот спортски водител Алекси Валавуори беше особено изнервиран, кој рече дека Марин е најлошиот премиер што некогаш го имале.

– Ова е премиерката на Финска, Сана Марин. Некои велат дека е кул… Можеби за тинејџери. Но, да се биде одговорен лидер на државата среде криза? Таа е најнеспособниот премиер што сме го имале. Таа не знае ништо. Те молам облечи ја кожната јакна и поднеси оставка. Благодарам – порача тој на Твитер.

Инаку, Марин беше во центарот на контроверзите минатата зима кога беше откриено дека се забавувала среде пандемијата, кога важеа препораките да се остане дома поради коронавирусот. По силната реакција на јавноста таа му се извини на народот.

Поврзани новости