Освен во Штип, свечена изјава со името „Република Македонија“ советниците на Левица потпишале и во Советот на Општина Аеродром, соопштија вечерва од партијата.
-Меѓудругото, се бориме за се’ помасовна употреба на уставното име усвоено со Референдумот од 1991 година, коешто формално правно е, и мора да биде во употреба, бидејќи промената на името после неуспешниот Референдум во 2018 е противуставна и спротивна на изразената волја на граѓаните!
Поради ова, на денешната седница во Општина Штип, претставникот на Левица во Советот, остро застана зад позициите на ставот на Партијата – свечената изјава да биде потпишана како што е пропишана во Законот за локална самоуправа – односно, со името Република Македонија! Освен во Општина Штип, свечена изјава со правилното име – Република Македонија, беше потпишана и од страна на советниците на Левица во Општина Аеродром!, велат од Левица.
Тие исто така се залагаат и за пренос на седниците на советите живо со цел граѓаните да имаат директен увид во работата на советите.