Левица го поздрави реизборот на Си Џинпинг со „пријателско писмо“

by Фокус

По повод Национален конгрес на Комунистичката партија на Кина, Левица испрати, како што соопшти, пријателско писмо до Претседателот на Кина Си Џинпинг, во кое ги поздрави одлуките и заклучоците од Конгресот и воедно го честиташе реизборот за Генерален секретар на Партијата.

„Идеалите за праведност и еднаквост помеѓу народите, социјалното ослободување на работниците и победата на напредните идеи, се наша заедничка водилка – во нов пријателски свет.

Темелите на чудесниот напредок на Народна Република Кина, во духот на научниот социјализам, го менуваат светскиот поредок и вдахнуваат борбен пламен во срцата на револуционерите од цел свет.

Република Македонија го вреднува овој развој и македонскиот народ верува во градењето на нови можности во духот на социјализмот за нашите идни генерации!“, велат од Левица.

Поврзани новости