Левица го поднесе предлог-законот за минимална плата на ССМ

by fokus

На денешната прес-конференција, пратеникот Борислав Крмов објави дека политичката партија Левица го поднесе до Собрание предлог-законот за изменување на Законот за минимална плата, кој е доставен од Сојузот на синдикати од месец декември.

-Се работи за предлог-закон за изменување на Законот за минимална плата, кој што е предложен од Сојузот на синдикати. Иако им било ветено дека овој предлог ќе биде донесен во јануари, тој сѐ уште не е усвоен. Целта на овој закон е минималната плата, која е 15.000 денари, да се донесе до 18.000 денари, што би било околу 60% од моменталната просечна плата. Со овој предлог се интервенира минималната плата цело време да не биде пониска за 60% од просечната плата. Потрошувачката кошница за декември била дури 35.000 денари, што значи денеска едно просечно четиричлено семејство со две минимални плати не може ни да се издржува, рече пратеникот Крмов.

Поврзани новости