Во САД се тестира вакцина против ХИВ

by fokus 20:32
20:32

Во САД почнаа првите испитувања врз луѓе за вакцина против ХИВ со помош на РНК информатичката технологија, соопштија денеска американската биотехнолошка компанија „Модерна“ и меѓународната истражувачка организација за СИДА „Иницијатива за вакцина против СИДА“.

Тестирањата во прва фаза ќе се спроведат во САД, врз 56 возрасни лица со добро здравје и кои се серонегативни.

Иако истражувањата траат веќе четири децении, научниците сè уште не успеале да направат вакцина против СИДА, болеста од која секоја година умираат стотици илјади лица.

Меѓутоа, неодамнешниот успех на информатичката технологија РНК, која во рекордно време овозможи развој на вакцините против Ковид-19, вклучувајќи ја и вакцината на „Модерна“, сега дава нова надеж дека лекот е можен.

Целта на тестираната вакцина е да стимулира производство на одреден тип на антитела што може да дејствуваат против многу варијанти на ХИВ, вирусот што предизвикува СИДА.

Вакцината се обидува да ги научи Б-лимфоцитите, кои се дел од нашиот имунолошки систем, да ги произведуваат овие антитела.

Тестирањето се спроведува на четири локации на Универзитетот Џорџ Вашингтон во САД.

Поврзани новости