650
Левица поднесе вкупно 1.230 амандмани на предлог-измените на Законот за урбанистичко планирање, кој, според пратеникот Борислав Крмов, е многу контроверзен закон. Тој посочи денеска дека само пред една година беше донесен нов Закон за урбанистичко планирање и сега одеднаш се јави нова потреба за измени, што, како што вели, е многу сомнително.
-Најголем дел од стручната јавност се сомнева дека тука се работи за олеснета легализација за парцелата кај Холидеј ин, каде што главниот проблем е усогласување на ДУП со ГУП. Меѓу другото, една од најбитните работи во овој закон е членот 35, кој е изменет и сега дозволува тие два плана да не се усогласени, што претходно не беше случај – рече Крмов.