396
Духот на антифашистичката победа над силите на мракот засекогаш ќе ги разбранува срцата на нациите победници, кои го изградиле новиот свет, не оставајќи место за идеите за уназадување на човештвото, велат денеска од Левица за вчерашниот протест против отворањето на клубот „Цар Борис“ во Охрид.
-Пламенот на победата на македонската и југословенската држава над силите на оската и балканските предавници и слуги, вечно ќе гори во срцата на македонскиот народ. Во Македонија и на Балканот нема повеќе простор за рехабилитација на фашистичките идеи за потчинување на единството и рамноправноста помеѓу народите на сметка на туѓи империјалистички интереси. Македонија се буди!, порачаа од Левица.