Партијата Левица испрати апел кон граѓаните, да не потпаѓаан на провокации на одредени групи, дека партијата повикала на протест а на истиот не се ни појавила. Оттаму порачаа дека ќе има протести, но не секојдневно, со цел да не се трои енергијата беспотребно.
„Апелираме до јавноста да не потпаѓаат на провокациите на одредени групи и поединци кои деновиве со инсинуации кон Левица се обидуваат да внесат забуни кај народот дека ние сме повикале на протест, а на истиот не сме се појавиле.
Како што најавивме и во нашиот проглас, при наредното собраниско гласање на нацрт-амандманите ќе има протест, но не секој ден. Отпорот треба да биде организиран и масовен, а не бесцелно да се троши енергијата на народот.
Впрочем тоа е и целта на двете криминални групи во Собранието, па дел од ваквите појави се испостава токму на едната или другата страна, обидувајки се да го спласнат гневот кај народот, а одговорноста да ја истресат надвор од својот праг.
Борбата продложува, народот обединет нема да биде победен!“, соопштија од Левица.