Претставници на новоформираната политичка партија „Левица“ денеска до Собранието доставија предлог закон за изменување на законот за политички партии во кои се бара да се отстрани носењето на уверение за државјанство, бидејќи биометриската лична карта била доволен доказ за државјанство, како и намалување на финансиските потешкотии за формирање политичка партија.
-Ова не го правиме за нашиот случај бидејќи е веќе во тек, туку за во идни случаеви да нема вакви проблеми и некоја партија да мора да ги осиромашува граѓаните за една работа која е тотално бирократска процедура, која едноставно не е потребно. Ако му треба потврда на судот дека некое лице е државјанин на Република Македонија, има увид во избирачкиот список. Ако тој е во избирачкиот список, а не е државјанин на Македонија, тогаш зошто воопшто него го има во избирачкиот список, вели Здравко Савески од Левица.
Како што кажаа од Левица, за да се регистрира партија во Македонија според сегашниот закон потребно е да се платат 6.000 евра.