Убаво крајбрежје, пријателски луѓе, одлична и свежа храна, ориентални десерти, врвни локални вина, кои лесно може да се натпреваруваат со многу од европските вина – тоа се одликите на Турција. Летото во Турција е долго и убаво, со многу сонце и тоа почнувајќи од мај, па се до крајот на октомври. Само неколку земји во светот имаат таква културна различност како Турција.
Егејскиот регион на Турција се наоѓа во западниот дел на земјата. На запад, егејскиот регион се граничи со Егејско Море; на северот со Мраморниот регион, на југ со Средоземјето на исток со Анадолија. Егејот е најплодна област на Турција за одгледување памук, житарки, зеленчук, тутун, маслинки, портокали, мандарини, грозје, смокви, лимони, но и друго овошје. Овој дел на Турција изобилува со антички монументи, вклучително и три од дури седумте чуда на античкиот свет, но и седум цркви во Мала Азија именувани по Свети Јован. Тука климата е средоземна, со суви топли лета и благи до свежи, влажни зими.
Бодрум – пловниот центар во Турција
Бодрум со право важи за најпопуларна туристичка дестинација во Егејот. Неговата комбинација на населбата, плажите, културата, историјата, можностите за шопинг, рестораните и ноќниот живот, привлекуваат илјадници туристи секоја година.
Бодрум е шармантна и фасцинантна област, која се наоѓа 270 км јужно од Измир, на егејскиот брег на Турција, во јужниот дел на Бодрумскиот полуостров. Од едната страна го допира грчкиот остров Кос, а од другата влезот на Заливот Гокова. Опкружен е со диви планини, а во својата понуда вклучува убава панорама на историјата, митологијата и спектакуларен поглед.
Бодрум или Халикарнас е родното место на Херодот. Тој е важна порта и главен град на царството на Карија. Градот е исто така дом на гробот на Mausolus, едно од седумте светски чуда, кои припаѓаат на третиот век п.н.е. Мавзолејот на Mausolus е изграден во Halicarnassus Mavsolos, најверојатно во 335 п.н.е. по име на кралот Mausolos од неговата сопруга и неговата сестра Artemisia. Мавзолејот е многу голема гробница која ги спојува грчката и египетската архитектура. Денес е музеј под отворено небо, достапен за посети. Според антички автори, мавзолејот е составен од четири дела. Некои статуи и скулптури на Мавзолејот се изложени и во Британскиот музеј. Мавзолејот е заштитен до 13 век, потоа оваа древна гробница била урната од земјотрес, а нејзините камења биле користени во изградбата на замокот Бодрум.
И околината на Бодрум има свои значајни и атрактивни историски места. Целиот регион е прекрасен со многу интересни места кои може да се видат, а се наоѓаат на само неколку часа оддалеченост од Бодрум. Посетата на овој дел од Егејот ви овозможува да уживате во традиционалниот живот на впечатливите села на древната Карија. Ако го посетите Бодрум, не пропуштајте ја античката порта позната како „Baltali Kapi“. Таа ја симболизира цивилизацијата на Карија.
Во близина на Милас, може да се посети и античкиот град „Euromos“. Храмот во Euromus е изграден од времето на Сулејман Величествениот, а има добро сочувани столбови.
Варовник терасите на „Памуккале“ се единствени во близина на Бодрум, а овој дел е познат и како Памук замок. Сите тераси се создадени од изворска вода и вар низ период од 14.000 години.
Бодрум нуди интересна програма за оние кои ги сакат прошетките по вода. Откако ќе го напуштите пристаништето во Бодрум, ќе се најдете во огромно пространство на Заливот Гокова кое се протега пред вас. Овој регион има доволно прекрасни места за посета за најмалку една недела пловидба. Сехир Adalari (Змија) и замокот Island се најатрактивните места, а тука, секако најпозната е плажата Клеопатра. За оваа плажа се верува дека самата Клеопатра ја направила за својот љубовник Антонио, со песок кој бил пратен дури од Северна Африка. Во околината на ова место се наоѓаат и заливите Kesr, Sogut и Degirmen Buku.
Интересна е понудата за оние кои сакаат интензивен ноќен живот, но и луксузни хотели. Во градот Гумбет во Бодрум, стационирани се голем број ноќни клубови, ресторани, но и мали хотели. Овој дел на Бодрум е познат по богатиот ноќен живот. На излезот од ова место се стационирани луксузни хотели со ранг од 5 ѕвезди.
Тургутреис, пак, е идеално место за оние кои сакаат да ги искористат предностите на објектите во центарот на градот, а едновремено да престојуваат во хотел со 5 ѕвезди.
Бодрум важи за главна туристичка атракција, првенствено поради неговото убаво крајбрежје, одлична клима и сплетот на историски моменти и природната убавина. Важи за динамично одморалиште кое ги задоволува сите вкусови.
Агенцијата Сан Фан Травел секоја година во мај и октомври ги организира матурските, но и другите средношколски екскурзии од Македонија токму за најинтересните места на егејскиот дел на Турција: Бодрум, Мармарис, Кушадаси. Интересно е да се напомене дека овие екскурзии се прават секоја година, и тоа во месеците кога младите и љубопитни ученици можат да уживаат во идеалните временски услови додека ги дегустираат сите убавини на овој дел на Турција, од плажи, до атрактивните историски разгледувања, традиционална храна и комплетниот шарм на овие прекрасни места во Турција.
Мармарис, прекрасни плажи и водни атракции
Мармарис е одморалиште кое ги комбинира природната убавина и атрактивната туристичка понуда. Познат е и по интензивниот ноќен живот, со низа екстравагантни места на целиот јужниот брег. Ги спојува ноќниот живот без крај, бројните клубови и барови по должината на брегот и помалите одморалиште во близина. Во околината на ова одморалиште има и симпатични села, кои водат кон античките урнатини и неискористените плажи. Ова место во минатото било рибарско село, но прерасна во меѓународно признаено место, атрактивно за сите посетители. Самото пристаниште во Мармарис било користено стотици години, па дури и денес, илјадници посетители го користат за да стасаат во Мармарис преку море. Тука можат да се забележат голем број огромни патнички бродови, но и луксузни јахти.
Доколку се одлучите да уживате на едно од оние неверојатни крстосувања околу турскиот брег, градот Мармарис отприлика е на половина пат меѓу Кушадаси и Анталија. Мармарис важи за еден од градовите со најдобра ноќна забава на турскиот брег.
Поголем дел од луксузните хотели кои се достапни во Мармарис располагаат со апартмани од 150 квадратни метри, големи колку претседателските апартмани со дури три спални соби, дневна и со дизајнирана бања.
Посебна атракција на ова одморалиште е водниот парк Атлантис Мармарис. Тој е најголемиот воден парк во Мармарис, со целодневна забава за комплетно семејство. Нуди цел пакет водни атракции за сите возрасти, од базен за деца, до базен бран, мини-голф, куглање, ресторани, барови и забава. Атлантис Мармарис водниот парк се наоѓа на десната страна на морето, со приватна плажа.
Мармарис има избор за разгледување, кој одговара на мнозинството вкусови. Ова не е град кој е познат по древната историја, иако населението се доселило уште одамна во минатото.
Мармарис замокот не е древна структура, но историски е важно дека е обновен за време на султанот Сулејман Величествениот.
Мармарис има убави плажи за уживање, а самата природа е убава за око, па затоа топло ви ги препорачуваме прошетките низ ривиерата. Едрењето тука е вистински десерт, а ако сакате да го доживеете повеќепати, имате голем избор на траекти и супер брзи хидроглисери, кои вклучуваат и понуда за посета на грчкиот остров Родос, и тоа неколку пати во текот на денот.
Кушадаси, островот на птиците
Кушадаси е најстарото одморалиште на јужниот егејски брег. Во минатото било мало село, кое прераснало во град кој има атрактивна туристичка програма. Се наоѓа близу до урнатините на античкиот град Ефес, што го прави идеална база за бродови кои пловат низ Егејот. Атрактивни плажи, луксузни хотели, шопинг-атракции, сето ова го прави Кушадаси едно од најдобрите туристички дестинации на Егејот. Кушадаси е популарен и за крстосувања, па често можат да се забележат огромни бродови кои се всидруваат тука, дозволувајќи им на своите патници да одат на излет до древните урнатини на Ефес.
Името на Кушадаси може да се преведе како „Островот на птиците“. Кушадаси има преку 90 хотели регистрирани во Министерството за туризам, повеќе од 300 хотели регистрирани во самата општина, 250 пансионски објекти, 3 туристички центри и 9 кампови. Речиси секој хотел во градот или на плажата има базен, а некои од нив имаат и свои плажи. Цената за сместување и исхрана се разликува на повеќе места, а таа зависи од бројот на ѕвездите што ги има хотелот. Најчеста понуда во хотелите е шведската маса за појадок, на која се наоѓаат класични турски јадења или поточно – домати, краставици, младо сирење, маслинки, лубеници, чај и кафе. За вечера во понудата е вклучен голем избор на салати, чорба, пилав, полнети тиквички, ќебапчиња, сарма од лозов лист, печен домат и сл. Кушадаси располага со мошне добри хотели, но и со ферибот со кој се поврзува со блиските грчки острови Самос и Миконос. Тука се и прекрасните плажи со кристално бистра вода.
Шопингхоличарите, својата потреба за широк избор ќе може да ја задоволат тука – Кушадаси располага со луксузни продавници на брендови.
Кушадаси со крајбрежните предели и неколку значајни археолошки локалитети, како што се Милет, Дидим, Пријен, Памуккале, Ефес, Афродијаз и многу други. Во ѕидините на Ефес се наоѓа едно од седумте светски чуда на стариот свет, храмот на Ардемиди. Отспротива на Кушадаси е и грчкиот остров Самос, погоден за убав еднодневен излет.
ФАКТИ ЗА ТУРЦИЈА
Турција се протега на два континента, а ги спојува Истокот, Западот и Ориентот, и тоа од времето на античко-византискиот период, Отоманската, Римската и персиската империја. Граничи со осум држави и излегува на четири мориња. Територијата на Турција во должина е долга околу 1.600 километри, а широка 800 километри. Во светски рамки, Турција е 37. земја според територијата. Цела Турција е планинска земја со поголем број езера и со континентална, океанска и со средоземна клима. Специфичната местоположба на Турција ѝ обезбедува да биде третирана како крстопат меѓу Азија и Европа. Името Турција на турски јазик Türkiye, се дели на два збора: Türk ‘што значи силен на старотурски и суфиксот iye што потекнува од арапскиот суфикс -iyya што е еквивалентно со македонскиот суфикс –ија.