440
Две групи се степале во угостителски објект во Скопје, информираа од МВР.
Според полицијата, сабајле околу 04,10 часот Н.Ѓ., пријавил дека во угостителски објект на улица „50-та Дивизија” во Скопје настанала тепачка помеѓу две групи од гостите при што некои од учесниците имале ножеви. Лицето Д.А.(34) од Скопје се здобил со убодна рана во пределот на градите, по што е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.