Летале ножеви и секири во Турското маало во Струмица

by fokus

 

До голема тепачка со ножеви и секири дошло денес во предвечерните часови во Турското маало во Струмица, во близина на џамијата.

Како што дознаваме, немилиот настан се случил помеѓу две семејства кои што биле во роднинска врска, а нивното меѓусебно нетрпение траело веќе извесен период.

На место на настанот биле присутни повеќе полициски возила, имало и потешко повредени лица, а од МВР најавуваат повеќе детали во тек на утрешниот ден.

Вики Клинчарова

Поврзани новости