Лепа Брена пристигна во Кавадарци, барала само едно нешто пред концертот

by Fokus

Популарната фолк пејачка Лепа Брена пристигна во Кавадарци заедно со нејзиниот менаџер. Таа веќе е сместена во комплексот ,,Моклиште” и се подготвувала за вечерниот концерт кој ќе се одржи на градскиот плоштад во Кавадарци, во склоп на манифестацијата ,,Тиквешки гроздобер 2023”.

Ова е прва посета на Брена во Кавадарци, по околу четири децении пауза. Кон средината на осумдесеттите години таа имаше голем концерт на градскиот стадион, а настанот беше доживување за кавадарчани, бидејќи во тој период пејачката беше на врвот на славата во поранешна Југославија.

Денес, по пристигнувањето во Кавадарци, немала посебни барања околу сместувањето или пак храната, како што вообичаено се случува со повеќето музички ѕвезди. Единствено побарала мир и тишина, за да може да се одмори пред концертот, кој започува во 22.45 часот. Пред неа настапи ќе имаат Лина Пејовска и Дарко Лазиќ.

Со настапот на Лепа Брена завршува тридневната манифестација која годинава го преполни градот со посетители од сите краеви.

Вики Клинчарова

Поврзани новости