Фолк ѕвездата Лепа Брена синоќа имаше промоција на своја колекција на женски чорапи, за кои тврди дека го кријат целулитот и проширените вени, и се идеални за повозрасни жени.
Нејзиниот бренд е наречен Лејди Б, а како што откри пред медиумите за време на промоцијата, сите негативни коментари кои јавноста ги упатувала на сметка на изгледот на жените повозрасни од 50 години, биле мотив да го започне бизнисот со чорапите.
-Составени се од хијалуронска киселина и златни наночестички. Ова се чорапи со кои без проблем може да се носат мини здолништа. Не се гледа целулит, лузни, проширени вени, може да се стои долго време и нема да ве болат нозете. Јас 40 години пеам и играм на високи штикли и тоа е доста напорно. Веќе една година ги носам специјалните чорапи, и во нив се чувствувам слободно и комотно- изјави пејачката.
Додаде дека сака нејзиниот производ да го носат сите жени на Балканот, од собарки до балерини.
-Ова е производ кој сакам масовно да се купува. Италијаните ми предлагаа да ги продавам по цена од 100 евра, но таа цена не поминува на Балканот. Не сакам овој производ да можат да го купат само ретки луѓе, туку е наменет за секоја жена, готвачки, собарки, пејачки, балерини, сите кои имаат проблем поради долго стоење, затоа ќе се продава по цена од 20 до 30 евра, раскажа Брена, која се заблагодари на семејството за поддршката во модниот проект.
Вики Клинчарова