„Ленка“ бара вклучување и на помалите субјекти во преговорите

by Фокус

Движењето за социјална правда „Ленка“  денеска побара преговорите меѓу четирите најголеми партии за изборниот процес да не се држат зад затворени врати, туку и другите чинители во опшетсвениот и политичкиот живот да се вклучат во процесот.

-Во насока на демократизација на изборната регулатива ние сметаме дка пред се треба да се демократизира самата дискусија на изборниот процес, т.е да не се остави во рамки на четирите најголеми партии и да биде затворена, туку и другите чинители на општествената и политичка сцена во Македонија да се вклучат во целиот процес. Движењето за социјална правда Ленка, во таа насока сака да постави неколку барања кои сметаме дека ќе придонесат изворните граѓански иницијативи да партиципираат во изборните процеси, изјави Дејан Лутовски од „Ленка“ на пресконференцијата одржана пред Собранието.

„Ленка“ испорача неколку барања, како  намалување на бројот на потписи потребни за основање на политичка партија од 1.000 на 500, воведување на нов изборен модел и прогласување на целата територија на Македонија за една изборна единица. Исто така, тие побараа и укинување на гласањето на дијаспората.

 

Поврзани новости