Лени Кравиц објави видео од прошетката низ Скопје

by fokus

„Скопје, Македонија, Стара чаршија. Најубав ден и средби со прекрасни луѓе“, напиша светската рок ѕвезда Лени Кравиц на својата страница на Фејсбук под видеото кое го објави од прошетката низ Скопје.

Концертот на Кравиц ќе се одржи денеска во ВИП арената „Борис Трајковски“. Тој пристигна во Скопје два дена пред настапот и прошета низ центарот, ја посети Старата скопска чаршија и се фотографираше со своите обожаватели.

Поврзани новости