Одборот за доделување на престижната државна награда „Мајка Тереза“ за 2018 година одлучи нејзини добитници да бидат Ленче Здравкин и Омер Калеши, објави порталот Дума. Одлуката на Одборот донесена на крајот на минатиот месец е објавена во Службен весник на Република Македонија.
Добитниците Здравкин и Калеши наградата „Мајка Тереза“ ја заслужија за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човековата солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусобното разбирање и развојот на соработката како помеѓу народите така и помеѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
Наградата „Мајка Тереза“ на годинешните добитници ќе им биде доделена на свеченост во Собранието на Република Македонија на 26 август, годинава.