1.9K
Поранешната обвинителка на Специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристовска, е бремена и носи близнаци. Информацијата ја соопшти новинарката Александра-Сашка Цветковска, која на својот профил на Фејсбук сподели заедничка фотографија со обвинителката на која се забележува дека е бремена.
Во статусот напиша дека на фотографијата има „четири лица“, навестувајќи со тоа дека Ристовска чека близнаци.
„Не само пријател, туку инспирација. Еден ден се надевам дека општеството ќе го цени она што ни го даде со својата храброст, интегритет, светлина и убавина. Храбра Ленче. Ние четворицата“, напиша Цветковска.