(AУДИО) Џафери наводно пцуе кон вработени, ВМРО-ДПМНЕ реагира

by Fokus

Сите од служба, конкретно од седници, веднаш кај мене, сите позади што седат сите до еден, вие што сте на плата и уште си е..те мајка овде. Што бараш бе ти овде, ајде бегај таму, бегај, излези!

Со вакви погрдни зборови наводно спикерот на Собранието, Tалат Џафери им се обраќа на службениците од оваа установа.

На оваа аудио-снимка реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која не пропушти прилика да упати критики кон Џафери.

„Кога крими коалицијата СДСМ и ДУИ нема аргументи, деспотот од Форино станува нервозен. Фрапирани сме од примитивизмот на Талат Џафери, кој ја извршува должноста претседател на Собранието, кој мислејќи дека камерите се исклучени ги навредува и со најпогрдни пцости малтретира вработените во собранието. Односот на Џафери кој може да се слушне во видеоматеријал објавен во медиумите е скандалозен, примитивен и целосно недозволив. Односот на Џафери е и слика како се однесува оваа власт на СДСМ и ДУИ со вработените во институциите и народот воопшто. Тие вработени кои Џафери ги пцуе се нечии синови, ќерки, мајки, татковци, сопружници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости