Лекот Ивермектин ќе се издава само со рецепт, а матичните лекари ќе добијат онлајн предавање

by fokus

Стручниот колегиум за Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија и ковид – центрите при интернистичкиот блок, изготвија мислење за употребата на лекот Ивермектин кај пациенти со Ковид-19. Протоколот преку Лекарската комора во текот на вчерашниот ден беше испратен до матичните лекари, соопшти Министерството за здравство.

До крајот на неделата, како што се посочува, Лекарската комора ќе организира и онлајн предавање за матичните лекари во цела земја за да се дообјаснат пртоколите, а веќе следната недела ЛК ќе организира онлајн дискусија со клиничките доктори (лекарите кои работат во болниците) за употребата на лекот.

Ивермектинот не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување. Согласно Решението на Агенција за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) лекот се издава исклучиво на рецепт и се применуваат одредбите за издавање на розев рецепт. Ивермектинот е антипаразитски лек со широк спектар на делување, неговата примена треба да биде исклучиво под лекарски надзор без разлика дали станува збор за домашно лекување или хоспитализација, потенцираат од Министерството и апелираат граѓаните на своја рака да не го пијат лекот, бидејќи единствено лекар може да утврди дали постојат индикации за негово користење и доколку постојат во која доза и во комбинација со кои други лекови може да се користи.

Поврзани новости