Лекарската комора утре во 12 часот избира претседател, кој во наредните четири години треба да предводи околу 7.000 лекари.
Досега, според нашите информации, официјално за претседателското столче се кандидирале Ленче Нелоска, потпретседател на комората во претходниот состав и член на Извршниот одбор. Таа, истовремено е и директорка на Геронтолошкиот завод во Ѓорче Петров, а беше и делегат на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Нелоска, исто така учествуваше и на протестите „За Заедничка Македонија“, каде што беше фотографирана со Богдан Илиевски, познат како Бетмен Велит и актерот Владо Јовановски.
За претседателското место ќе се бори и доктор Калина Старделова-Гривчева од скопската Клиника за гастоенхепатологија, која беше во првите борбени редови на 50-дневниот штрајк на лекарите против плаќњето по успешност.
И.М.