Попоски: „Траекторија“ е измислен случај од извршителите на Заев

by fokus

Случајот коj СЈО го нарече „Траекторија“ е уште еден доказ дека се работи за обични извршители на Зоран Заев и СДС и тоа е уште еден политички предмет,изјави денеска Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Целиот случај е базиран врз измислени работи, првата работа со која се обидува да се криеира случај е наводно предизвикување на материјална штета од 155 милиони евра, штета не постои а целта на ваквата комуникација е да се привлече вниманието на јавноста, изјави Попоски откако СЈО информира дека отвора истрага поради злоупотреби и местење изведувач за изградба на два автопати во земјава.

Според СЈО со сторената злоупотреба од страна на четири функционери од власта, направена е штета во буџетот во вредност од над 150 милиони евра.

„Се работи за капитален проект од кој имаат корист сите граѓани на Република Македонија, втората лага која е изнесена денес од страна на СЈО е дека не бил применет законот за јавни набавки. Во овој случај фактите велат дека Собранието уште во 2013-та година донесе закон за реализација на ифрастуктурни проекти за изградба на патната делница Миладиновци-Штип и патната делница Кичево-Штип врз основа законот на ратификација на договорот за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата, помеѓу владата на Македонија и владата на Кина. Овој закон за реализација на конкретниот проект како посебен ја исклучува примената на законот за јавни набавки и за овој закон би нагласиле дека расправаа и гласаа и пратениците на СДС и пратениците на ДУИ, рече Попоски.

Тој вели дека во третиот случај СЈО ги обвинува дека се разговарало само со една компанија и дека не била избрана најниската цена.

-Вистината е следна, склучени се меморандуми со две компании и тоа двете компании доставиле свои понуди и во 2013 е одбрана најниската понуда, би повториле дека се работи за политичка мотивација и истото ќе биде докажано во понатамошната постапка, вели Попоски.

Поврзани новости