Лекарот Трповски не бил убиен во неговиот автомобил туку на друго место, вели Бојмацалиев

by Fokus

Матичниот лекар Ацо Трповски не бил убиен во неговиот автомобил туку на друго место коешто треба допрва да го утврдиме, изјави дополнителниот заменик министер на МВР, Митко Бојмацалиев за „Слободен печат“.

„Во месец дена на територија на СВР Скопје има два немили настани, убиството на лекарот Ацо Трповски и пукањето во Арачиново. Имавме приведено три лица, но лицата се пуштени на слобода поради недоволни докази. Според наши сознанија лицето не е убиено во автомобилот туку е донесено телото и оставено во автомобилот. Не се откриени мотивите за убиството“, вели Бојмацалиев.

Поврзани новости