Тејлор Свифт и официјално стана милијардерка

by Fokus

Глобално популарната пејачка Тејлор Свифт се приклучи на листата на светски милијардери, според новата листа на богаташи.

Американската поп ѕвезда за прв пат влезе на листата на светски милијардери на Форбс со 1,1 милијарда долари, заедно со креаторот на ChatGPT Сем Алтман со 1 милијарда долари.

Сопствениците на францускиот гигант за луксузни производи LVMH, Бернар Арно и неговото семејство се на врвот на листата со проценети 233 милијарди долари.

Бројката е за 141 повеќе од лани. Форбс додаде дека елитата е побогата од кога и да е, со комбинирано богатство од околу 14,2 трилиони долари, пренесува Би-Би-Си.

Поврзани новости