452
Со еднократно намалување на платата за 30 отсто, казнети се лекарите и персоналот на гинеколошко – акушерското одделение на Клиничката болница во Штип, бидејќи го прославувале дочекот на Нова година, а потоа и на Стара Нова година со алкохол, за време на нивното дежурство во болницата, објави ТВ Стар од Штип.
Ваква одлука донела Дисциплинската комисија, која повела постапка откако фотографии од прославите се појавиле на социјалните мрежи.
Штипските гинеколози тогаш станаа познати во јавноста, особено по нивните мафини во форма на женски полов орган.