Лекар со скршена нога и фудбалски голман спасуваа навивач

by Фокус

Фудбалерите на Барселона славеа со 0:4 на гостувањето кај Кадиз, но вистински херои се голманот на домашниот тим и лекарот, кои трчаа кон трибините за да спасат живот на навивач кој имал срцев удар.

Во 81-та минута, натпреварот беше прекинат околу 50 минути, а судијата веднаш ги повика лекарите на двата тима да интервенираат на трибините.

Докторот на Кадиз, кој имал и скршеница на ногата, истрчал на трибините да му помогне на навивачот, по што доби големи овации од навивачите.

Драмата продолжи кога домашниот голман Ледесма со дефибрилатор истрча на трибините да му помогне на гледачот на кој му се слоши.

Навивачот беше пренесен во болница, а натпреварот продолжи.

Поврзани новости