Лек кој би можел да биде успешен во лекување на Ковид 19 се тестира на пациенти во повеќе градови во САД, соопштува фармацетската компанија Регенерон.
Ова е прво тестирање на коктели со антитела на Ковид-19 во Америка, објави Си-Ен-Ен. Ако тестирањето се покаже како успешно, Регерон се надева дека лекот би можел да биде достапен уште на есен.
Клиничките испитувања започнаа во средата, а компанијата најавува дека лекот ќе се тестира на 4 групи пациенти: оние хоспитализирани со Ковид-19, оние кои имаат симптоми на болеста, но не хоспитализирани, на здрави лица кои се во групата на ризик да се разболат. и на здрави луѓе кои биле во близок контакт со заразено лице.
-На светот му се потребни голем број на решенија за третман, така што иновативната индустрија за биофармакологија работи заедно за да им помогне на што е можно повеќе луѓе, рече д-р Џорџ Јанкопулос, ко-основач, претседател и шеф на одделот за наука на Регенерон.