ВМРО-ДПМНЕ: Лажната нормалност на Заев за 10 дена донесе 1316 новозаразени и 36 починати

by Fokus

Што е ненормално, доколу десетици починати и стотици заразени е секојдневниот биланс за кој Заев не убедува дека е нормален? Колкумина треба да се заразат и починат за Заев и СДСМ да признаат дека се неспособни и дека ова што ни се случува е катастрофа? Зоран Заев и СДСМ наместо за здравјето и животите на граѓаните се водат само од партискиот интерес и желбата да го ублажат изборниот пораз со избори на 5-ти јули, се вели во соопштението на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

– Во последното деноноќие во Македонија има 175 нови заразени и 5 починати, а СДСМ и Заев продолжуваат да зборуваат за итни избори. За само 10 дена има 1316 нови заразени и 36 починати, а Заев и СДСМ уште калкулираат како да се спаси неговата политичка кариера. Ова е спротивно на секоја логика, посочуваат тие.

Според нив Македонија станува балканска Ломбардија со рекорден број заразени и починати на еден милион жители.

-Македонија поради политикантството на Заев е земја која најлошо се справува со корона епидемијата во Европа. Заев прогласува нова лажна нормалност која граѓаните скапо ја плаќаат. Во услови кога СДСМ беше корона кластер со заболени и самоизолирани функционери тој водеше кампањи и средби со граѓани и на тој начин во опасност ги ставија стотици граѓани и семејства. Тоа јасно покажува дека власта на Заев е неодговорна и неспособна. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Ние сметаме дека сега врвен приоритет е животот и здравјето на граѓаните. Откако Македонија ќе се справи со епидемијата со корона вирус, народот ќе го порази и тригодишниот хибриден режим на Заев кој донесе криминал, корупција и сиромаштија за народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости