Италијанската фудбалска легенда, Џанлуџи Буфон одлучил да и стави крај на својата импресивна и богата играчка кариера.
Иако веќе е длабоко во петтата деценија од животот, популарниот Џиџи беше упорен и сакаше да го одработи договорот со Парма кој му беше со важност до 30 јуни 2024 година, меѓутоа повредите во последнатата кампања и неуспехот со клубот да се врати во Серија А го натераа да донесе тешка одлука која се очекува да биде официјализирана во текот на оваа седмица.
Буфон низ кариерата освои многу индивидуални признанија, награди, а на клупско ниво и со репрезентацијата освои доста пехари со кои само го зацврсти статусот како еден од најголемите голмани на сите времиња.
Според „Кориере Дело Спорт“, Џиџи веќе знае што ќе прави во наредниот период, поточно го има новиот предизик. Тој ќе биде дел од од италијанската репрезентација, поточно од луѓето на Роберто Манчини. Наводно тој ќе биде тим менаџер, позиција која ја имаше Џанлука Виали од 2019 до 2022 година.