Зимското невреме, проследено со ледена бура, вчера парализира поголем дел од САД, предизвикувајќи откажување на повеќе од 1.700 летови низ земјата, запирање на сообраќајот на меѓудржавниот автопат низ Арканзас и предизвикувајќи сериозни сообраќајни несреќи во Тексас, сојузна држава што не е навикната на мраз.
Додека ледената бура вчера се движеше кон исток, од западен Тексас сè до западна Вирџинија беа издадени предупредувања за опасност од невреме.
И во текот на денешниот ден се очекуваат неколку серии мешани врнежи, вклучувајќи и замрзнат дожд и лапавица, што значи дека некои региони би можеле да бидат погодени од невремето повеќе пати предупреди Федералната метеоролошка служба.
Повеќе сообраќајни несреќи беа пријавени во Остин, Тексас, со најмалку една жртва, регистрира противпожарната служба во Остин. Во округот Тревис, Тексас, кој го опфаќа Остин, полицијата на секои три минути добивала повици за несреќи, соопштија локалните власти.
Само вчераутро во Тексас биле пријавени околу 7.000 прекини на електричната енергија,а тоа се должело на мраз на далноводите или соборени дрвја.
Флота од возила за итна помош беше испратена на дури 1.600 и патишта под мраз.
Во Арканзас, републиканската гувернерка Сара Хакаби Сандерс. вчера прогласи вонредна состојба поради ледената бура и кажа дека лошите услови на патиштата ја запреле утринската испорака на намирници до продавниците.
Училиштата и колеџите во Тексас, Оклахома и Арканзас најавија дека ќе бидат затворени, а наставата ќе се изведува онлајн.