Леброн Џејмс сака НБА-екипа во Лас Вегас

by Фокус

Кошаркарската ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, прв активен играч во НБА-лигата вреден една милијарда долари, има нов цел, јавија американските медиуми, наведувајќи дека сака да купи НБА екипа чие седиште ќе биде Лас Вегас.

-Сакам да бидам сопственик на екипа, сакам да имам екипа во Лас Вегас – рече Леброн Џејмс во најновото издание на шоуто „The Shop“.

Лас Вегас и Сиетл често беа споменувани како градови за ширење на НБА лигата, но комесарот на натпреварувањето Адам Силвер претходно оваа недела изјави оти не размислува за експанзија на Лигата.

Џејмс е сопственик на компанијата „SpringHill“, која се занимава со продукција на филмови, а има удел и во групацијата „Fenway Sports“ во чија сопственост се безбол клубот Бостон Ред сокс, премиерлигашот Ливерпул и НХЛ екипата Питсбург.

Поврзани новости