Лебот, брашното и маслото ќе се продаваат по набавна цена

by Fokus

Новата Одлука за посебните услови за трговијата на одделни стоки, е објавена во Службен весник , со што стапува на сила. Со неа, се определува највисоката трговска (профитна) маржа како посебен услов во трговијата на: леб, масло за јадење, брашно од пченица, шеќер, кравјо млеко, свежо месо; сувомеснати производи, сирење, урда, македонски ориз, јајца и тестенини.

Министерството за економија денеска информираше дека профитите маржи за основните производи се намалуваат кај трговијата на големо од 10 на 4 и кај трговијата на мало од 5 на 3 отсто.

На листата на производи повеќе не е вклучено овошјето и зеленчукот. Мерката ќе важи за шеќерот, трајното кравјо млеко, свежо месо, сирење, урдата, македонскиот ориз, јајца, шпагети и макарони.

Одлуката ќе се применува до 31 мај. Казните за трговците остануваат исти како и претходната одлука.

Со оваа мерка се сложиле и стопанските комори, информира министерството.

Ценовниот шок владата ќе го ублажува со 400 милиони евра, пакетот содржи 28 антикризни мерки и препораки. Без ДДВ ќе се продаваат лебот, шеќерот, брашното, зејтинот, трајното млеко, свежото месо, оризот и јајцата, а останува и замрзната маржа за основните производи, освен за овошјето и зеленчукот. Се намалуваат и акцизите за горивата, но мерките на сила ќе стапат, откако ќе го поминат собранискиот филтер.

Поврзани новости