Шести ден патничките и товарните возови во Македонија не сообраќаат поради протестот на вработените во „Македонски железници“, кои бараат исплата на јануарската плата, а штети трпат и патниците и компаниите, реагираат денеска од ЛДП.
-Ова е уште еден доказ како власта во заминување си поигрува со егзистенцијата на вработените во МЖ и воопшто со достоинството на човечкиот капитал во Република Македонија. Последното случување во „Македонски железници“ е еклатантен пример за тоа како новите локомотиви, за кои беа платени 25 милиони евра – пари на граѓаните, беа набавени исклучиво за сликање и промоција на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ пред медиумите, без притоа за истите да има инфраструктура која ќе може да ги валоризира нивните перформанси. Пред да замине од премиерската функција, Емил Димитриев да издвои средства од буџетот за покривање на загубите на МЖ и исплата на редовни плати за вработените, се вели во соопштението.
ЛДП го повика менаџментот на МЖ да се однесува транспарентно и професионално, да не подлегнува на политички притисоци и да најде начин час поскоро го реши проблемот.