Дали бизнисменот Ќура ќе биде заеднички кандидат на Ахмети и Села за градоначалник на Струга?

by Фокус

Додека вниманието на јавноста е свртено кон преговорите за нова влада, политичките партии вршат анализи за селекција за кандидати за градначалници во пресрет на локалните избори, кои треба да се оддржат во мај доколку се испочитува редовниот термин.

Како што веќе објави Фокус, во најголемата албанска партија – ДУИ, од која всушност зависи составот на идната владата, градоначалниците на Тетово, Тостивар и Кичево, Теута Арифи, Невзат Бејта и Фатмир Дехари, имаат амбиција за уште еден мандат, додека градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, нема намера да се натрепаврува за четврти мандат.

Засега најнеизвесно е како „интегративците“ ќе настапат во Струга, каде на последните избори загубија од Зијадин Села, кој тогаш беше кандидат на ДПА, но по разидувањето со Мендух Тачи, го формираше Движењето за реофрми на ДПА и на последните избори загуби од сите други албански партии, но, сепак, го порази Тачи.

За време на преговорите за идна влада, ДУИ и Алијансата на Албанците, во чии рамки покрај ДР-ДПА влегуваат Унитети и едно крило на НДП, настапуваат синхронизирано, што почна да се толкува како позиционирање во насока на формирање на коалиција на претстојните избори за локалната власт, особено наспроти БЕСА, која на следните избори ќе оди на победа во албанскиот кампус.

Како еден од можните заеднички кандидат на ДУИ и Алијансата за Албанците за Струга се споменува името на струшкиот бизнисмен Менди Ќура, кој на локалните избори во 2009 година беше кандидат за градоначалник на Струга на ДПА, а на изборите во 2011 година беше кандидат за пратеник од редовите на истата партија.

-Има такви гласини и такви предлози, но за да бидам кандидат за градоначалник на следните локални избори треба да се вклопат повеќе елементи, така што засега не можам да кажам ништо и немам став – ни изјави Ќира.

В.С.

Поврзани новости