Опозицискиот ЛДП смета дека свирепото убивство на рускиот опозиционер Борис Немцов, либерал по убедување, бранител на демократијата и жесток борец против корупцијата во својата земја, треба да биде и порака до Македонија.
„Убиството на Немцов покажува колку е тешка ситуацијата во која се наоѓаат борците за демократија во Русија , но во истовреме треба да биде порака до сите нас овде во Македонија дека не треба да скршнуваме од патот по кој сме тргнале – да ја воведеме Македонија во европското семејство и НАТО“, стои во соопштението на либералдемократите.
Инаку, теориите за убивството на Немцов, кој беше еден од нагласните критичари на Кремљ, варираат од тоа дека станува збор за дело на западните тајни служби за да ја дестаблизираат Русија па се до таму дека се работи за класична ликвидација на власта на чело со Владимир Путин за да се замолчи еден од најголемите противници, кој наводно имал компромитирачки сознанија за улогата на Русија во украинската криза. Некаде на средина е верзијата дека тоа е дело на исмалисти од Кавказ, кои не можеле да му ја простат неговата поддршка за новинарите на франсцускиот Шарли Ебдо.