Белели: Европа може да помогне, но кризата мора да ја решите сами

by Фокус

Може да испрати да ви помогнеме со олеснувач и совети, но политичката криза мора да ја решите сами, порача во интервјуто за Радио Слободна Европа италијанскиот амбасадор Ернесно Масимо Белели.

– Можеме само да дадеме совет, подготвени сме и да понудиме помош и да испратиме европски олеснувач, доколку е потребно, но сопствеништвото треба да биде македонско. Ние не можеме да ви кажеме што е најдоброто, ние можеме да ви кажеме дека ако сакате да бидете дел од ЕУ, треба да почитувате одредени правила – вели тој.

Тој вели дека опозицискиот лидер Зоран Заев го информирал дека македонското Министерство за внатрешни работи прислушувало и странски амбсадори во земјава, што е противзаконски, но тоа претставува и кршење на Виената кенвенција за дипломатски односи. Впрочем, тоа го потврди и самиот Заев на последната јавно појавување, кога прецизираше дека поседува материјали, според кои прислушувани се 6 акредитирани амбсадори на највлијателните држави. Во меѓувреме, со реакција се оласи Мисијата на ЕУ, како и британската и шведската амбасада, кои изразија загриженост за обвинувањата на злоупотреба на моќта во политиката, судството и медиумите.

Поврзани новости