ЛДП: Со прашањата од екстерното децата се трујат со пропаганда

by fokus

Наместо да се развива креативноста кај учениците, тие се принудуваат да ги учат напамет дадените одговори на прашањата за екстерното, реагираат од ЛДП откако завчера заврши екстерното тестирање.

-Голем дел од пршањата се во насока на ‘труењето’ на децата со пропаганда на режимот. За ова сведочат и бројните реакции на учениците и на родителите, како и на наставниците. Власта останува и натаму глув за овие реакции. Екстерното тестирање, измислено од овој автократски режим, се користи како механизам за притисок на наставницте, велат од ЛДП.

Либерално демократската партија им вети на граѓаните дека наскоро, како што велат тие, по падот на оваа владеачка гарнитура, екстерното тестирање ќе биде укинато, а  ЛДП, како дел од идната власт, ќе воведе реформа со која ќе се унапреди руинираниот образовен систем и со чија главна цел ќе биде развојот на креативноста и иновативноста како кај учениците, така и кај наставниците.

Поврзани новости