ЛДП: Селективната аболиција е недемократска

by Фокус 12:31
12:31

Целосно повлекување на аболицијата и оставка на претседателот Ѓорѓе Иванов, побара опозицискиот ЛДП по синоќешниот состанок на Централниот одбор, на кој се анализираше актуелната политичка состојба во државата.

– Масовната аболиција од 12 април, а сега и селективната аболиција, потпишана од Иванов ја втурна Република Македонија во уште потешка и подраматична политичка, економска и морална криза. Селективните аболиции на политичари се несвојствени за демократските општества и длабоко ја погазуваат правната држава и принципите на владеење на правото – сметаат од ЛДП.

- Advertising -

Поврзани новости