ЛДП предлага формирање на Влада на национално единство

by Фокус 09:39
09:39

Неотповиклива оставка од премиерот Емил Димитриев, задолжен за спроведување на изборите и итно формирање на Влада на национално единство, предлага денеска ЛДП.

-Техничкиот премиер Димитриев во изминатиот период со ништо не покажа дека се залага и работи на сите предуслови за овозможување на фер, демократски и кредибилни избори, како и споведување на препораките од извештајот на Прибе. Напротив, со сите свои постапки помага во изигрување на Договорот од Пржино, остава простор за уште поголеми сомнежи за непрочистениот избирачки список, а се повеќе не’ оддалечува и од регулацијата на медиумите и избалансираното медиумско известување, се вели во соопштението на ЛДП.

- Advertisements -

Тие предлагаат формирање на Влада на национално единство за излез од кризата и за да престанат тензиите и поделбите меѓу граѓаните кои од час во час се зголемувале.

-Бараме во новите преговори да земат учество претставници на помалите политички партии како и граѓанскиот сектор. Претседателот Иванов да ја повлече аболицијата за криминалците од власта и да си замине од функцијата, а Специјалното јавно обвинителство да ги процесуира сите истраги кои произлегуваат од прислушуваните разговори. Само така Република Македонија ќе се врати на патот на демократијата, владеењето на правото и евроинтеграциите, велат од ЛДП.

Поврзани новости