ЛП: Македонија е само пред Гренада, Киргистан и Руанда

by Фокус 14:21
14:21

Надворешната политика на Владата на Никола Груевски и губењето на правото на глас во Генералното собрание на ОН поради долг од 24.000 американски долари ја сместува Македонија на вистинското место како лидер на групата со Гренада, Киргистан, Маршалските острови, Руанда, Јемен, Тонга и Ванату, реагираат од Либералната партија на Ивон Величковски.

„Единствена разлика е што, за разлика од претседателот на Јемен, нашиот Ѓорге Иванов не е заробен од бунтовнички сили“, забележуваат либералите.

- Advertisements -

Поврзани новости